Лажни дојави за бомби во две училишта и музеј во Скопје Хроника 24.11.2025 Во две приватни училишта во Скопје и во музеј утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби. Проверките покажале дека се работи за лажни пријави. И во саботата имаше лажна дојава за бомба за време на концерт во СЦ „Јане Сандански”.