
Мис Мексико, Фатима Бош е крунисана за Мис Универзум на церемонија во Бангкок, Тајланд.
Зад 25-годишната натпреварувачка од Мексико, завршија Мис Тајланд, Правинар Сингх, како прва придружничка, додека Мис Венецуела, Стефани Абасали се пласираше на третото место.
Потоа следуваа Мис Филипини, Ма Ахтиса Манало и Мис Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јасе.
Следната година натпреварот за Мис Универзум ќе се одржи во Порторико.

Македонски








