Skip to main content

Гркот Циципас „шишал“ со 210 километри на час на обиколницата кај Атина

„Паметните“ камери поставени на периферниот автопат „Атики одос“ односно обиколницата кај Атина, го „фатиле“ грчкиот тенисер Стефанос Циципас како вози со брзина од 210 километри на час, по што му биле изречени и соодветни казни, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот тениски ас поради возење со прекумерна брзина со неговиот луксузен автомобил Лотус, ќе треба да плати парична казна од 2.000 евра и ќе му биде одземена возачката дозвола на една година.

Според грчките медиуми, 27-годишниот Циципас е меѓу првите во Грција кои добиле дигитална казна преку платформата gov.gr по поставените „паметни“ камери на неколку централни булевари во Атина, како и на „Атики одос“.

Поврзани вести