Skip to main content

Откако го отпушти татко му за тренер Циципас освојува турнири

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Белгиецот Рафаел Колињон во денешното финале на турнирот во Гштад, Швајцарија со 6:4, 6:7 (3:7) и 6:3.

Мечот траеше 2 часа и 18 минути. Циципас сервираше 4 аса, не направи двојни грешки и реализираше 5 од 13 брејк топки. 

Колињон сервираше 2 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 2 од 4 брејк топки.

За 27-годишниот Грк, ова беше 13-та АТП титула во поединечна конкуренција во неговата кариера и прва од март 2025 година. 

Поврзани вести