Skip to main content

Ракометарите на Вардар денеска играат за пласман во втората фаза на Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар ги очекува нов предизвик бидејќи денеска на домашен терен играат со Кристијанштад дуел од 4.коло од Лига Европа. Шведската екипа во претходното коло по голема борба и во драматична завршница успеа да стигне до победата во последните секунди.

Грешките беа составен дел на натпреварот, а на тој начин беше испуштена и шанса за позитивна резултат.

–  Се подготвувавме да ги намалиме грешките максимално, особено што на гостински терен одигравме со многу грешки. Мораме да дадеме свој максимум за да се вратиме на првото место во групата, изјави голманот на „црвено-црните“ Васил Гогов.

Натпреварот меѓу Вардар и шведскиот тим Кристијанштад се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот, а со поддршка од трибините македонскиот претставник во Лига Европа ќе се обиде да стигне до третата победа во групата.

Поврзани вести