Вчера во 19.55 во СВР Тетово од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив било примено за укажување
лекарска помош машко лице кое било во бессознание и имало повреди.
Утврдено е дека се работи за А.Х. од Р. Албанија, кој, според пријавеното, бил нападнат во близина на угостителски објекти на улица „Илинденска“ во Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.