Skip to main content

Нова жртва во Скопје: Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа

Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23:10 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х. (56) од Скопје, и патничко возило „БМВ“, исто така со скопски таблички, управувано од Ф.П. (28) од Скопје.

Од здобиените повреди на самото место починал возачот на „Голфот“, С.Х., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници – Н.Х. (52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и Ф.М. (28) од Косово и возачот на „БМВ“-то. Повредените биле пренесени и им е укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани вести