Skip to main content

Aморим постави рекорд во Јунајтед

 Рубен Аморим загуби четири од своите први седум натпревари во Премиер лигата како менаџер на Манчестер Јунајтед, поставувајќи анти-рекорд за клубот.

Претходното најлошо постигнување беше на Ерик тен Хаг, под чие раководство тимот го забележа четвртиот пораз по одиграни 13 натпревари.

Дополнително, Манчестер Јунајтед под водство на Аморим прими 19 гола во 10 натпревари (7 во Премиер лигата, 2 во Лига Европа и 1 во Лига Купот). Во претходните 18 натпревари од сезоната тимот имаше 20 примени гола, што значи дека со Рубен Аморим на кормилото „црвените ѓаволи“ се речиси двојно полоши во одбраната.

Тимот во моментов го зазема 14-то место во поредокот во Премиер лигата со 22 бода

Поврзани вести