
Тренерот на Милан, Рубен Аморим, ги сподели своите очекувања за натпреварот од 1. коло од Лигата на Европа против Бенфика.
– Пред нас е важен и посебен натпревар – нашиот прв натпревар во оваа Лига на Европа. Со нетрпение го очекуваме. Натпреварот помеѓу Милан и Бенфика е историска средба. Руи Кошта е легенда на европскиот фудбал и икона за Милан. Јас имам своја историја со Бенфика, но тука сум за да победам. Благодарение на високиот квалитет на своите играчи и одличниот тренер, Бенфика може да си постави цел да освои трофеи. Тие имаат свој посебен стил и демонстрираат сигурна игра. Бенфика би можела да биде кандидат за трофејот во Лигата на Европа – на исто ниво е со другите тимови, како што се англиските. Треба да дадеме сè од себе. Ми недостига Португалија, но сега сум во Италија, во Милан, и сакам да останам тука долго време, изјави Аморим за италијанските медиуми.
Аморим во текот на својата играчка кариера, беше член на Бенфика, а како тренер, пред Милан ги предводеше Манчестер јунајтед, Спортинг и Брага.
Натпреварот Милан – Бенфика ќе се игра вечер во Милано со почеток во 21 часот

Македонски


