Skip to main content

Тешко повредена скопјанка, со возило ја удрил млад сограѓанин

На 11.11.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести