Skip to main content

Гледајте ја бесплатно женската кошаркарска репрезентација

Влезот за воведниот натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација против Данска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе биде бесплатен.

Дуелот е закажан за денеска со почеток во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

„Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, соопшти македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).

Македонските кошаркарки се дел од квалификациската група Ф во која се и репрезентациите на Грција и Хрватска.

Поврзани вести