Skip to main content

Четвртата станица на караванот „Тригер“ на „Култура Бета“ е Тетово

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ – Скопје го организира четвртиот настан во рамки на караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“, овојпат со настан во Тетово. Настанот ќе се случи во петок (30.10) во кафе-барот „Гужва“ со почеток во 19 часот.

Во рамки на настанот ќе се случи промоција на третиот број од Списанието за општа култура „Тригер“ за којшто ќе зборуваат членовите на редакцијата Ангела Бошкоска, Марија Велинова, Стефан Спасовски и Андреј Медиќ Лазаревски.

Покрај промоцијата ќе бидат претставени и другите изданија од издаваштвото на „Култура Бета“ низ разговор на тема „Младинско издаваштво“. По разговорот ќе следи поетско читање на кое ќе настапат: Ангела Бошкоска, Марија Светозаревиќ, Николина Савеска, Ангела Андоновска, Стефан Спасовски, Марија Велинова, Јана Секулоска и Теодор Тасевски.

Инаку, караванот „Тригер“ досега одржи настани во Скопје, Куманово и Охрид, а следно покрај настанот во Тетово, ќе се случат и настани во Штип и Битола. Караванот има за цел да ги испромовира активностите на „Култура Бета“, промоција на списанието за општа култура „Тригер“, но и да направи вмрежување со локални уметници и културни работници и да понуди можност за заедничко креирање на настани.

Проектот „Караван за младинска, алтернативна и критичка култура ‘Тригер’“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Поврзани вести