Skip to main content

Леброн се враќа

 Навивачите Лос Анџелес лејкерс добија охрабрувачки вести за здравствената состојба на Леброн Џејмс.

Ѕвездата на тимот од Калифорнија оваа седмица ќе тренира со јуниорскиот тим на Лејкерс во развојната лига.

Четириесетгодишниот Џејмс е се поблиску до своето деби во 23. НБА-сезона. Тој го пропушта почетокот на кампањата за прв пат во својата кариера поради ишијас на десната страна.

Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, претходно изрази надеж дека Џејмс ќе се врати „во втората или третата недела од ноември“

Поврзани вести