
Во Белград денеска се одржа протест под слоганот „Ние сме жив ѕид“ пред зградите на генералштабот каде студенти од белградски факултети и членови на иницијативата Ансамбл Генералштаб побараа укинување на уривањето на тој комплекс.
Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“.Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград, откако lex specialis беше усвоен во српскиот Парламент оваа недела, со што е овозможено негово уривање.
Студентите и собраните граѓани формираа „жив ѕид“ околу комплексот, и нацртаа симболична црвена линија како порака дека нема да дозволат уривање.Според нив, тоа е „прво предупредување“ до властите.
Во 11:52 часот, сите собрани го завршија протестот со 17 минути молчење во спомен на оние кои загинаа при падот на бетонската настрешница во Нови Сад и на оние кои загинаа при бомбардирањето на оваа зграда во Белград во крајот на април 1999 година

Македонски








