Skip to main content

Почина д-р Писевски – Клиниката се збогува со гастроентерохепатологот

Почина д-р Христијан Писевски – специјалист гастроентерохепатолог. Оваа информација ја објави Клиниката Жан Митрев кадешто докторот работеше.

-По долго боледување почина д-р Христијан Писевски-специјалист гастроентерохепатолог. Тој беше посветен лекар и голем професионалец во својата област. Како драг колега ќе остане во нашите сеќавања, велат од Жан Митрев.