Skip to main content
m22ttX-5pHY

Како Арсенал испушти победа во Сандреленд

Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал остана без победа на гостувањето кај Сандерленд во натпревар со пресврти и конечни 2:2. Нерешениот резултат домашната го избори во судиското надополнување на вториот дел со голот на Брајан Броби во 90+4.минута.

Инаку, домашната екипа поведе со голот на Даниел Балар во 36.минута. По една грешка на домашната одбрана капитенот на Арсенал, Букајо Сака изедначи на 1:1 во 54.минута, а 20 минути подоцна со прекрасен гол Леандро Тросар донесе водство за „топџиите“ со 2:1.

Сандерленд до еден бод стигна на Броби.

Арсенал со 26 бодови остана на лидерската позиција во Премиер лигата, втор е Манчестер Сити со 19, колку што има и Сандерленд.

Поврзани вести