
Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, ќе биде главна трансфе цел на Арсенал во зимскиот преоден рок, објави „TEAMtalk“.
Според извештајот, претставници на 20-годишниот напаѓач планираат да се сретнат со раководството на Реал Мадрид за време на репрезентативната пауза за да разговараат за неговата иднина.
Арсенал изрази интерес за играчот во текот на летото, но тренерот на „Кралевите“, Жозе Мурињо, одби да му дозволи на Бразилецот да се пресели во Лондон.
Ендрик дојде во Реал Мадрид во летото 2024 година. Минатата сезона ја помина на позајмица во Лион, постигнувајќи осум гоа и исто толку асистенции.
На почетокот на сезоната 2026/27, Бразилецот закрепнуваше од повреда. Овој месец има одиграно само четири минути на еден натпревар за Реал Мадрид.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра. Договорот на Ендрик со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2030 година.

Македонски


