Skip to main content

Австралиско-македонскиот стендап комичар Саш Мишевски, познат како „My Cousin Vlad“ со две шоуа во Охрид и Скопје

Друга страна

Австралиско-македонскиот стендап комичар Саш Мишевски, познат како „My Cousin Vlad”, веќе е во Македонија, каде што оваа недела ќе одржи две стендап шоу-вечери – во Охрид и во Скопје.
Првата средба со „My Cousin Vlad” е утре, 23 септември, во Домот на културата во Охрид, а само еден ден подоцна, 24 септември (четврток), во Театар Комедија во Скопје. Двете шоу-вечери ќе се одржат на англиски јазик.

Роден во Австралија и израснат во Сиднеј во македонска средина, Саш Мишевски денес е едно од препознатливите имиња на австралиската комичарска сцена. Неговата приказна со стендапот започнува во 2019 година, кога почнува да снима кратки комични видеа во својот автомобил. Видеата брзо добиваат публика, а она што започнало како креативен проект прераснува во професионална комичарска кариера.

Роден во Австралија и израснат во Сиднеј во македонска средина, Саш Мишевски денес е едно од препознатливите имиња на австралиската комичарска сцена / фото: Друга страна

Пред да се посвети на комедијата, Мишевски работел како агент за недвижности, а во младоста бил и вокалист во рок-бенд. Денес е познат како “My Cousin Vlad”, стендап комичар и автор на популарни комични видеа и подкастот „Dis Dat with My Cousin Vlad“.

Неговиот хумор е специфичен спој на австралиското секојдневие и македонското потекло.

Македонското семејство, балканскиот менталитет, културните разлики, традициите и апсурдите на модерниот живот се дел од темите што ги претвора во комедија. Токму перспективата на човек кој растел меѓу две култури е еден од најпрепознатливите елементи на неговиот настап.

По настапи и турнеи во Австралија, како и настапи во САД, Канада и Велика Британија, “My Cousin Vlad” во 2026 година ја носи својата нова турнеја „Total Spin Out“ и во Европа. А сега, за првпат, Vlad доаѓа во земјата на своите корени.

За двата настапи кои се во огранизација на Друга страна ивентс, остануваат уште малку достапни билети на веб страницата на tix.mk.

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisinterbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetstarzbetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetzbahisholiganbetizmir escort