Skip to main content

Американскиот фармацевт „Фајзер“ склучи договор за преземање на „Метсера“

фото: МИА архива

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ ќе ја преземе компанијата за третман на дебелина „Метсера“ (Metsera Inc), по успешна понуда во трката со данскиот гигант „Ново Нордиск“.

„Метсера“ соопшти дека е постигнат изменет договор за спојување, според кој „Фајзер“ ќе плати до 86,25 долари по акција – од кои 65,60 долари во готовина и дополнителни 20,65 долари како условна вредносна обврска, зависна од идни резултати.

Одборот на директори на „Метсера“ едногласно оценил дека понудата на „Фајзер“ нуди најповолни услови за акционерите, со комбинација на вредност и сигурност на реализација.

Одлуката следи по предупредувањата на американската Федерална трговска комисија за можни антимонополски ризици во понудата на „Ново Нордиск“.

„Метсера“ истакна дека договорот со „Фајзер“ обезбедува веднаш значајна вредност за акционерите и очекува спојувањето да биде финализирано по состанокот на акционерите в четврток. 

Поврзани вести