Skip to main content

Кој ни доаѓа: Навивачите на Јагелонија се тепаа поради статуа на Скендербег

На „Градскиот стадион“ вечерва ќе бидат присутни 250 навивачи  на Јагелонија.

Амбасадата на Полска во Македонија испрати препораки до навивачите да внимаваат, да се движат заедно низ градот и да не се двојат, затоа што можни се напади од „други навивачки групи“.

Навивачите на Јагелонија се поврзани со фудбалскиот хулиганизам во Полска, деструктивно и незаконско однесување, како што се немири и вандализам, кои често се случуваат во врска со натпреварите и можат да вклучуваат конфликти меѓу организирани групи навивачи познати како „фирми“.

Најголемиот инцидент се случи на 28.08.2025 во Албанија кога играа  ФК Динамо Сити и Јагелонија и дојде до тепачка поради непочитување статуата на Скендербег.

Поврзани вести