
Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ организираат отворање на модната изложба „Музиката во модата”, која ќе се одржи
на 6 ноември 2025 година во 19:00 часот во просториите на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе прикаже селекција на најдобрите модни креации на студентите од Интернационалниот институт за мода „Изет Цури”.
Изложбата ќе биде свечено отворена од страна на:
- Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во Македонија и
- г-дин Изет Цури, основач на истоимениот Меѓународен институт за мода.
Изет Цури е реномиран моден дизајнер со потекло од Македонија, којшто уште како дете развил љубов кон модата. На 23 години заминува во Париз, каде што гради блескава кариера работејќи со престижни модни куќи.
Соработувал со најпознатите имиња во модниот свет, како Ермес, Жан Пол Готје, Тјери Муглер, Азедин Алаја, Кристијан Лакроа, Шанел, а шиел и за некои од светски познатите имиња, меѓу кои Шон Конери, Жерар Депардје и Изабела Росeлини.
По успехот на европската модна сцена, Цури одлучува да се врати во Скопје и да го пренесе своето знаење на идните генерации, основајќи го Интернационалниот институт за мода „Изет Цури”, каде што ги обучува идните дизајнери и ги охрабрува да се развиваат и создаваат.
Изложбата ќе биде отворена за публика до 12 декември 2025 година.

Македонски






