
Денеска остварив средба со новопоставениот командант на НАТО мисијата во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, на кого му посакав успех на новата позиција и мирна мисија, информираше на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
На средбата разговаравме за придонесот на мисијата КФОР во одржувањето на мирот и стабилноста, не само во Косово, туку и во целиот регион.
Преку учеството на нашите припадници во мисијата КФОР, Македонија дава значаен придонес во зајакнувањето на регионалната стабилност, партнерството и колективната безбедност во рамките на НАТО.
Со заедничко и континуирано учество, остануваме посветени на мисијата што претставува симбол на безбедност, доверба и партнерство.

Македонски






