
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги отфрли критиките упатени кон неговиот тим за променливите изданија во тековната сезона.
-Со победа вечер против Ајнтрахт можеме да се вратиме на вистинскиот пат во Лигата на шампионите. Знаеме дека се соочуваме со силен противник, но сите противници се силни на ова ниво. Имаме амбиции да се натпреваруваме на европската сцена. Слушаме многу критики од почетокот на сезоната, но штом сме лидери во Серија А, работите не се толку лоши, изјави Конте на прес-конференција.
Натпреварот Наполи – Ајнтрахт Франкфурт од 4.коло во Лигата на шампионите е закажан за вечер од 18:45 часот на стадионот „Армандо Диего Марадона“ во Неапол.
По првите три кола, Наполи е на 23.место со три освоени бода, Ајнтрахт Франкфурт е позиција погоре (22. место) исто така со три бода.

Македонски






