
На Парискиот мировен форум, според традицијата, ја подарив научната публикација „Версајскиот систем од 1919 година“, од проф. д-р Иванка Василевска, наменета за француската Библиотека на мирот, соопшти на социјалните мрежи Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Не случајно ја одбрав оваа книга, бидејќи токму Париз е центарот на дипломатските настани што силно влијаеа врз мировните процеси на европско тло во втората половина на XIX и во текот на целиот XX век. Оттаму и одлуките од Париската мировна конференција, а особено настаните во Комитетот за нови држави и за заштита на националните малцинства директно влијаеа врз голготата поврзана со македонското прашање. Истите се и основа на денешните недоразбирања со нашиот источен сосед во поглед на постоењето на многувековниот македонски народ.
Гордост е кога македонското знаење и научните аргументи коишто се создаваат врз основа на архивски материјали и научни методи стануваат дел од една ваква светска ризница.

Македонски







