
Пред Специјалниот суд во Белгра се суди на Балканскиот клан дека имале свои легални компании и бродови кои служеле како покритие за шверц на кокаин.
Пресретната комуникација на „Скај“ беше изнесена пред Специјалниот суд во која се вели имале свои легални компании и бродови кои служеле како покритие за шверц на кокаин.Им се суди за шверц на повеќе од седум тони кокаин, кој полицијата го пронајде во три големи заплени.
Во текот на јануари 2020 година, фотографиите што ги разменувале покажуваат товарење на легална стока на бродови,кокаин со различни логоа, кои чекаат да бидат товарени на бродови. Во пораките, тие откриле дека, за да го „намалат“ ризикот, го поделиле товарот на два товара.
Во пораките што ги разменуваат, тие наведуваат дека отвориле легални компании, како и дека имаат свои бродови.
- И двата брода се наши, но молчат. Ако ова помине, ќе додадеме и трет. Брзо одат еден по друг. Верувам дека со оваа приказна, сите годинава земаме по неколку милиони. Ни треба малку среќа, малкумина сме во приказната. Ајде само да молчиме, ова ќе трае – се наведува во една од пораките.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски








