
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „на маргините на III Минска конференција за евроазиската безбедност разговарал со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик“.
Лавров и Додик изразија принципиелна поддршка за Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина (Дејтонски договор) од 1995 година, кој останува единствена одржлива рамка за мир и безбедност во земјата и поширокиот регион на Западен Балкан“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава и оти Лавров и Додик ја потврдиле посветеноста за зајакнување на партнерството меѓу Русија и Република Српска.

Македонски








