
Американскиот претседател, Доналд Трамп, навести дека новата рунда разговори со Иран би можела да се одржи во текот на викендот и рече дека не е сигурен дека е потребно да се продолжи примирјето со Исламската Република.
Одговарајќи на прашање од новинарите пред Белата куќа, Трамп рече дека САД се справуваат „многу добро“ со Иран и дека не е сигурен дали е потребно да се продолжи примирјето, но додаде дека ќе го стори тоа „доколку е потребно“.
Имаме многу добри односи со Иран во моментов“, рече Трамп.
Тој изјави дека Иран е заинтересиран за постигнување договор и посочи дека „е подготвен да прави работи што не бил подготвен да ги направи пред два месеци“.
На прашањето што ќе се случи ако САД и Иран не постигнат траен договор, Трамп рече дека воените напади повторно ќе бидат засилени, пренесува Си-ен-ен.
Ако нема договор, конфликтите продолжуваат“, рече тој.

Македонски


