Skip to main content

Мицкоски: Важно на овие избори некои политичари да добијат сериозна лекција – врел шамар и нокаут во првиот круг

Сосема е јасно дека на овие избори се судрија два концепти, кои во својата природа се различни меѓусебе. Едниот – оној кој ветува реални и приземни работи, но кој обезбедува иднина; другиот – оној на лаги, примитивно манипулирање и создавање целосен привид на работите преку дрско искривување на вистината, само за да се дојде до власт која ним им обезбедува пари и моќ – рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг кој се одржува во Охрид.

Тој не заборави да го спомне лидереот на опозицијата Венко Филипче. Вели вчера Венко ладнокрвно на телевизија соопштил дека сме наследиле средена држава, а државата била седум години уништувана.

Неговата партија пред само 15 месеци беше на власт, истите тие луѓе кои 7 години по ред ја уништуваа државата. Си велам, дали на овој човек му треба билобил, или така брутално ќе ја потценува јавноста дека во негово време течеле мед и млеко по улиците. Па ако било така, имаше можнпости тоа да го докаже и тогаш немаше ние заедно со народот да им го направиме историски најголемиот пораз на СДСМ. Наместо тоа, ако имало средена држава, народот ќе ги наградеше, а денес тој ќе беше претседател на Владата. Но таквата одлепеност од реалноста говори дека и СДСМ и Венко не извлекле поука од времето кога владееја со државата, дека народот ги казни поради сиромаштијата, двоцифрената инфлација, поради тоа што 600 илјади наши сограѓани живееја со 150 денари на ден, поради тоа што тендерите и криминалот станаа заштитно лице на СДСМ и поради пазарџиската политика со државните интереси, предавствата и поигрувањето со најсуштинските теми за опстојување на оваа држава. 7 години по ред, партнерски со ДУИ, ги разградуваа темелите на земјата. СДСМ и Венко Филипче беа подизведувачи на криминалот на Али Ахмети, кој денес се претвори во раскажувач на историски сказни со главна програма — сеење етничка омраза додека народот му се иселува. И вака некако изгледа средената држава според рецептот на СДСМ, што во основа ми раѓа чувство на срам поради туѓиот срам.
А таму пак гледаме една партија во клиничка смрт, на апарати, која не може да се одлучи кого повеќе мрази — Бранко или Максим — ама кого и да мрази повеќе од овие двајца, важно е што еден највеќе го сака — тоа е Зоран Заев. Тој пак во времето на влажната клима во Дубаи како гуру на СДСМ во Струмица. Вака некако изгледа политичката лепеза која ја нуди опозицијата, која пак се сојузува меѓу себе, во желба за гола власт, несвесна дека треба да се реформира – вели Мицкоски.


Важно на овие избори сите овие политичари да добијат сериозна лекција

Затоа што ако не добијат, врел шамар и нокаут на изборите, тие ќе мислат во иднина дека ова може да им помине. Тие ќе мислат дека оставиле пристојна држава и дека неработењето и криминалот може да се наградат. Затоа е важно да се излезе и гласа во што поголем број, достоинствено и масовно, затоа што лекцијата значи нокаут уште во првата рунда од изборите. Затоа е важен секој глас, а работата да ја завршиме уште во првиот круг – додаде Мицкоски.

Тој верува во убедлива, историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори закажани за недела.

А што се однесува до очекувањата од овие избори, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводиме ќе има убедлива и историска победа, со најголем резултат било кога на локалните избори. Додека СДСМ ќе падне загуби и според бројот на освоени гласови ќе биде под биолошкиот минимум, и резултатот најмалку ќе биде 3 спрема 1 во едни општини до 6 спрема 1 во други општини. . Одиме на победа и работата да ја завршиме во првиот круг во голем број општини. Додека СДСМ вечерта на 19-ти ќе брои ливчиња, макар и едно повеќе од нивниот најслаб резултат на избори, за да покаже некаков успех. Но губитници се што СДСМ се натпреварува со своите претходни порази, а народот добро знае дека ниту Венко, ниту ова раководство на СДСМ, поминуваат во јавноста и кај народот.А што се однесува овде, во Охрид, ве повикувам, ве замолувам за два дена, на 19-ти да излезете масовно и да гласате за сегашниот и идниот градоначалник Кирил Пецаков за градоначалник, и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ . рече вечерва Мицкоски.

Поврзани вести