Skip to main content

Селекторот на Англија не е задоволен како Рашворд се развива како играч

Селекторот на Англија, Томас Тухел стравува дека Маркус Рашфорд можеби нема да го достигне својот целосен потенцијал.

– Не станува збор за талент, туку за тоа дали може да ја докаже својата вредност на клупско и меѓународно ниво. Затоа што во спротивно, за 10 години, ќе биде разочаран од она што можеше да биде и од она што го постигна. Мислам дека летвичката за него е многу, многу високо. Можеби повисоко отколку за другите. Тој има потенцијал, но потенцијалот е опасен збор во елитниот спорт. Треба редовно да го покажувате најдоброто од себе, тоа е она што се бара на ова ниво, а тоа е предизвик за него. Би можел да стане еден од најдобрите во светот со квалитетот што го гледам на тренинг. Рашфорд е експлозивен, брз и силен во воздушните дуели, па каде се границите? Нема граници, но бројките не го откриваат потенцијалот, толку е едноставно, рече Тухел. 

Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Англија игра за Барселона како позајмен играч

Поврзани вести