Skip to main content

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

Freepik

Од недела почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.

Преодниот период ќе трае шест месеци, при што земјите сами ќе одредуваат на кои гранични премини прво ќе ја воведат новата процедура. Потоа системот ќе се прошири на сите гранични пунктови.

Со новите правила се укинува досегашното физичко печатење на пасошите – контролата ќе се врши електронски, а податоците ќе вклучуваат биометриски информации: фотографија и отпечатоци од прсти.

По првичното внесување на податоците, патниците ќе поминуваат побрза проверка. Некои земји ќе овозможат и самостојна контрола преку автоматизирани уреди, наведува Комисијата.

Системот ќе биде целосно функционален од 10 април 2026 година и треба да помогне во откривање нелегален престој и злоупотреби на документи.

Поврзани вести