
По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на 10 октомври ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија и најпознатите хитови кои го обележаа неговото долгогодишно присуство на македонската музичка сцена
Концертот ќе ги опфати неговите најголеми хитови. Публиката ќе има можност да ужива во песни кои станаа дел од домашното музичко наследство, препознатливи по мелодичноста и искрената емоција со која Алабаковски секогаш настапува. Концертот ќе биде и најава за нови музички проекти што пејачот ги подготвува по своето враќање на сцената.
Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.
Билетите за настанот се достапни преку мрежата на drugastrana.mk.