Skip to main content

Тест на крвта што може да предвиди болести до 10 години однапред

Истражувачи од Велика Британија развиваат тест на крвта којшто, со боцкање со игла, може да открие рани знаци на одредена болест – и тоа, повеќе од десетлетие пред симптомите да се појават. Тестот, според научниците, користи подробни молекуларни профили на крвта за да ја предвиди опасноста од идната појава на болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак и деменција, пишува „Гардијан“.

Испитувањето е дел од проектот „Британска биобанка“ (UK Biobank), којшто прочучува речиси 250 различни протеини, шеќер, масти и други молекули во крвта на половина милион доброволци. Со комбинирање на овие податоци со медицинските картони и регистрите на смртните случаи, научниците можат да добијат попрецизна слика за физиологијата на една личност и да препознаат рани знаци на болест. Д-р Џој Едвардс-Хикс од Универзитетот во Единбург истакнува дека овие тестови ќе овозможат превенција на болести и пред да се појават симптомите.

Ако имаме рани признаци на болестите, може да го предупредиме лицето уште во 40-тите години од неговиот живот за потенцијалните опасности и да го советуваме за промени во животниот стил, рече докторот.

Тестовите вклучуваат мерење на метаболити во крвта, како што се шеќери, аминокиселини, хормонски прекурсори и метаболички отпадни продукти. Промените во овие параметри можат да укажуваат на оштетување на органите – на пр. покачениот амонијак укажува на проблеми со црниот дроб, а зголемената уреа и креатин може да укажуваат на оштетување на бубрезите.

„Британската биобанка“ почна со избирање испитаници во 2006 година. Тој проект, се наведува, сега им овозможува на научниците да комбинираат медицински наоди, скенирања и метаболички профили заради идентификување рани знаци на некоја болест. На тој начин се следи нејзиниот развој и се проценува делотворноста на лекувањето.

Поврзани вести