Skip to main content

Таравари: Во Македонија ќе останат 58 пациенти, денеска уште 26 треба да бидат испратени во други држави

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката.

Тоа беше нашата стратегија, сите пациенти да ги повлечеме во Скопје и постепено сите да бидат во Клинички центар, за да бидат третирани на ниво на терциерно здравство, рече Таравари.

Тој информираше дека досега во Скопје се вкупно 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави. Во Словенија четири, Хрватска четири, Австрија шест пациенти и Белград 12 пациенти.

До крајот на денот вкупно во земјава ќе останат 58 пациенти.

Таравари рече дека состојбата на сите пациенти досега е стабилна и е под контрола.

Вчера рано наутро во дискотека во Кочани избувна пожар во кој загинаа 59 лица на возраст од 14 до 45 години од Штип, Кочани, Скопје и Пробиштип, а уште 155 се повредени.

Поврзани вести