
Од вкупно 193 повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во болничко лекување моментално се 100 пациенти.
Од нив, тројца се во критична состојба. Дваесетмина се хоспитализирани во Македонија, а 80 се лекуваат во странските болници, информираше министерот за здравство Арбен Таравари.
Во текот на денот, двајца пациенти ќе бидат вратени на домашно лекување – еден од Полска и еден од Белгија, а Таравари посочи дека се разгледуваат повеќе можности за продолжување на лекувањето на пациентите по враќањето од болниците во кои беа прифатени за досегашниот третман.
Инаку, во пожарот во дискотеката на смртта загинаа 59 претежно млади луѓе, а повредени беа речиси 200 лица. Со меѓународна помош најтешко повредените беа транспортирани во повеќе европски држави каде сè уште им се пружа помош.