Skip to main content

Се враќа пациент кој се лекуваше во Бугарија, во странство се хоспитализирани 55 пациенти од пожарот во Кочани

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во с

транство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.
Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација

Поврзани вести