Skip to main content

Се очекува враќање на седум пациенти кои досега се лекуваа во странство

Влада

Министерството за здравство денес информира дека се очекува враќање на седум пациенти кои досега се лекуваа во странство. Според официјалното соопштение, пациентите доаѓаат од медицински центри во Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун. Со нивното враќање, бројот на пациенти кои и понатаму се третираат во странски болници ќе изнесува 48.

Состојбата на лицата кои остануваат на лекување надвор од земјата е непроменета, вклучително и оние кои се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Во домашните здравствени установи, во моментов се лекуваат седум пациенти. Четворица од нив се сместени на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден пациент се наоѓа на Клиниката за пластична хирургија, а двајца се згрижени во приватната болница „Систина“.

„Министерството за здравство секојдневно ја следи здравствената состојба на сите пациенти и прави сѐ што е потребно за тие да добијат најдобар можен третман и целосна рехабилитација“, изјавија од ресорното министерство.

Поврзани вести