Skip to main content

Полска донираше опрема за болницата во Кочани

Министерство за здравство

Општата болница во Кочани доби најсовременен операционен стол, компатибилен хистероскоп и операционо светло, со што конечно се заменува постојната опрема стара повеќе од половина век.

Станува збор за донација од Полска, реализирана преку проектот „Подобрување на условите и здравствените услуги во Општа болница со проширена дејност Кочани“, финансиран од Polish Aid – програма за развојна соработка на Владата на Република Полска.

фото: Министерство за здравство

По повод донацијата, болницата денеска ја посети амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мариуш Бримора, а присуствуваше и министерот за здравство, Сашо Клековски.

фото: Министерство за здравство

Според директорката на болницата, Катерина Паниќ Мирчевска, новата опрема значително ќе ги унапреди условите за работа на Гинеколошкото одделение и ќе овозможи примена на современи медицински методи. Исто така, се добива поголема сигурност за мајките, како и можност за реализирање на гинеколошки интервенции за кои досега пациентките од Кочани мораа да патуваат во другите градови.

Поврзани вести