Skip to main content

По пауза од четири години повторно ќе има трета смена на Педијатрија во болницата во Охрид

МИА

По четиригодишен прекин повторно воведено трисменско работење на Одделението за педијатрија во охридската болница, со соодветни дежурства во ноќните часови. Тоа денеска го соопшти директорот на Јавната здравствена установа „Општа болница – Охрид“, Горан Маркоски.

Тој посочи дека тоа е овозможено благодарение на посветеноста на целокупниот персонал на Детското одделние, што со некои импровизации и крајни напори резултираше со решение за повеќегодишниот проблем.

Од 1 септември Одделението почна со работење и за викендите и со дежурства. Ова одделение има добра иднина затоа што имаме пет лекари што се пратени на специјализација со чие враќање одделнието дополнително ќе се екипира, рече Маркоски.

Од пред четири години поради недостиг на стручен парсонал, пред се лекари специјалисти, Одделнието за педијаттрија во болницата во Охрид работеше амбулантски односно без дежурства и без хоспитализации, а децата беа хиспитализирани во болницата во Струга.

Директорот на охридската болница појасни дека во текот на изминатата година се преземени одредени активности за непречено функционирање, како целосна санација на санитарните јазли, варосување на просторот, а се работи и на проект за целосно реновирање на Одделението.

Раководителот на Одделнието, Македонка Митреска – Наумоска, истакна дека моментално на Оделението се ангажирани три лекари, специјалисти по детска медицина. За втори смени и дежурства се ангажира и лекарка од Здравствен дом – Охрид, а се ангажирани и двајца педијатри со консултански договор, односно специјалисти-педијатри од Одделението кои неодамна заминаа во пензија.

Сега имаме петмина колеги кои се испратени на специјализација така што за некаде две години некој од нив треба да се врати на Одделение, рече таа.

Од Управата на Општа болница овојпат беше апелирано до населението пред се да ги користат услугите на примарното здравство односно матичните лекари, се со цел да не се прави непотребна гужва на Одделението за педијатрија до негова повторна целосна екипираност.

Инаку, според систематизацијата во Општата болница во Охрид има недостиг од 86 лица што би биле ангажирани на најразлични работни места, но пред се како медицински персонал. Дефицит на лекари има на повеќе одделенија, на урологија, на инфективно, на физикална терапија…

Моментално на Одделението за урологија има само еден лекар-специјалист кој е носител на дејноста. Меѓутоа, се ангажирани двајца специјалисти од Скопје, а во преговори сме за ангажман на уште еден. Со нив некако се покрива дефицитот, но трисменско работење на одделние не е можно само со еден специјалист, рече директорот Маркоски.

Општа болница – Охрид во моментов има испратено на специјализација вкупно 35 лекари, така што се очекува со нивното дообразување ќе се надминува проблемот со стручниот медицински кадар.

Поврзани вести