Skip to main content

Овие јаглехидрати ќе ви помогнат побрзо да ослабнете

Фрипик

Иако е добра идеја да го ограничите внесот на рафинирани јаглехидрати, сложените јаглехидрати богати со влакна всушност можат да го забрзаат вашиот метаболизам, да ве одржат сити подолго време и да ви помогнат одржливо да ослабете. Клучот е да изберете извори што обезбедуваат долготрајна енергија и не предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта.

Киноа

Киноата често се нарекува суперхрана и е идеален извор на здрави јаглехидрати.

Киноата ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини, што ја прави комплетен извор на протеини – важен за чувство на ситост и зачувување на мускулната маса за време на слабеењето.

Поради својот благ вкус и разноврсност, киноата лесно се вклопува во различни јадења, вклучувајќи појадок, како што се каша или здрави палачинки.

Сладок компир

Слаткиот компир е вкусен и заситувачки извор на сложени јаглехидрати, богат со растителни влакна и витамин А.

Овие хранливи материи се одлични за здравјето и функцијата на имунолошкиот систем. Влакната во слаткиот компир го продолжуваат чувството на ситост и го поддржуваат здравиот метаболизам, што ги прави одличен избор за оние кои сакаат да ослабат без да чувствуваат глад.

Јогурт

Јогуртот е уште еден здрав извор на јаглехидрати, но и протеини, калциум и корисни бактерии.

Јадењето храна богата со пробиотици може да помогне во намалувањето на воспалението во телото“, објаснува диететичарката Триста Бест.

Пробиотиците се корисни бактерии кои помагаат во одржувањето на рамнотежата на цревната микробиота, што е од суштинско значење за регулирање на воспалителните процеси во телото.

„Кога микробиомот е неурамнотежен, тоа може да доведе до хронично воспаление поврзано со болести како автоимуни нарушувања, срцеви заболувања и рак“, додава Бест. Обичен, обезмастен грчки јогурт без додаден шеќер е најдобриот избор.

„Грчкиот јогурт е одличен за слабеење бидејќи протеините ве одржуваат сити подолго време и го намалуваат прејадувањето“, заклучува регистрираната диететичарка Шавон Морисон.

Поврзани вести