Skip to main content

Оваа храна значително го зголемува ризикот од развој на деменција

Фрипик

Деменцијата претставува еден од најголемите здравствени предизвици денес, а бројот на пациенти низ целиот свет постојано се зголемува. Иако појавата на оваа болест е под влијание на многу фактори, исхраната игра клучна улога во превенцијата и зачувувањето на здравјето на мозокот.
Одредени видови храна можат значително да го зголемат ризикот од развој на деменција. Преработеното месо, како што се саламата и колбасите, содржи големи количини на натриум и штетни транс-масти, што може негативно да влијае на кардиоваскуларниот систем и да го зголеми ризикот од деменција.

Исто така, ултра-преработената храна што содржи додадени шеќери, вештачки бои и конзерванси може да го забрза когнитивниот пад. Јадењето повеќе зачинета храна, како што се чили пиперките, е поврзано со зголемен ризик од ментален пад.

Алкохолот има двоен ефект – умерената консумација може да го намали ризикот од деменција, додека поголемите количини значително го зголемуваат ризикот од развој на болеста. Покрај тоа, пијалоците засладени со вештачки засладувачи и прекумерниот внес на додадени шеќери се поврзани со поголем ризик од когнитивно оштетување.

За зачувување на здравјето на мозокот, се препорачува избалансирана исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови, семки и масна риба како што се лососот и скушата. Храната богата со растителни влакна, здрави масти и антиоксиданси помага во заштитата на мозокот од оксидативен стрес и воспалителни процеси кои придонесуваат за развој на деменција.

Правилната исхрана може значително да придонесе за зачувување на менталните функции и намалување на ризикот од сериозни невролошки заболувања.

Поврзани вести