Skip to main content

Никако немојте да ја сушите облеката на радијатор – го ризикувате здравјето на целото семејство

freepik

Речиси сите во зима, или барем во некои ситуации, ја сушиме облеката на радијатор, а не сме ни свесни колку лошо може да биде тоа

Вистинска мака е да се исуши облеката во зима, особено ако немате машина за сушење, па затоа, не е ни чудно што повеќето луѓе ја сушат гардеробата на радијатор.

Но истражувањата покажале дека тоа не е баш најдобра идеја, бидејќи така можеме да си го загрозиме здравјето.

Во просториите каде што се сушела облека испрана со детергент и омекнувач, бил измерен висок број на хемикалии кои се опасни по здравјето и кои можат дури да доведат до рак, покажало истражувањето.

Тоа не е првото истражување кое предупредува на штетноста на сушењето облека во просторија каде што поминуваме повеќе време. Претходни истражувања покажале дека сушењето облека во домот е виновникот за појавата на главоболки и проблеми со дишењето.

Исто така, сушењето гардероба внатре во станот го покачува нивото на влага за 30 отсто и со себе повлекува зголемен ризик од астма и алергии, но и го поттикнува создавањето мувла.

Сушењето облека на радијатор предизвикува кондензација и мувла. А кога мократа облека ќе се стави на топол радијатор, влагата со струењето на топлиот воздух се пренесува низ просторијата и се лепи за првата ладна површина на која ќе наиде.

Обично тоа е ѕид, а вишокот влага во просторијата доведува до појава на мувла на ѕидовите, што потоа може да доведе до создавање дамки.

Зголемената влажност го нарушува нормалното потење, што е клучно за терморегулација на организмот, а може да се појават замор, промени на расположението, склоност на инфекции на респираторниот систем, дијареја, ослабен имунитет и слично.

Особено чувствителни се децата, постарите, метеопатите, луѓето со психички проблеми и астматичарите.

Ако облеката се суши на радијатор, тоа, освен здравјето на домашните, ќе го наруши и протокот на топлина во домот, односно ќе се намали ефикасноста на грејните тела. Последица на тоа е засилено греење, а со самото тоа и повисоки сметки.

Неколку чорапи на радијатор нема да направат поголем проблем, но обидете се да не ја сушите облеката редовно и во поголеми количини на овој начин.

Поврзани вести