
Не мора секоја промена да ја поминеме со стиснати заби, заслужуваме некој да нѐ слушне. А понекогаш први треба да се слушнеме самите, вели асс. д-р Билјана Гагачовска од Универзитетската клиника за психијатрија по повод 18 октомври, Светски ден на менопаузата.
Зад секоја жена што продолжува со секојдневните обврски, понекогаш стои напор што никој не го гледа. Денес, 18.10.2026 на Светскиот ден на менопаузата, отвораме простор за искрен разговор за промените, менталното здравје и потребата од поддршка. Да ги слушнеме жените. Да им веруваме кога велат дека им е тешко, вели д-р Гагачовска.
Во ова лично обраќање, ас. д-р Гагачовска го споделува сопственото искуство со перименопаузата — како лекар и како жена, упатувајќи порака до сите жени: заслужуваме разбирање, поддршка и повеќе нежност кон самите себе.

Македонски

