Skip to main content

Наместо шеќер, додајте го овој здрав зачин во кафето

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека најдобро е да пиете обично, црно кафе, без додаток на млеко и шеќер, бидејќи така ќе внесете непотребни калории. Исто така, таа советува еднаш во денот во кафето да додадете и малку цимет.

Таа лично се уверила колку моќна комбинација е кафе и цимет. Имено, таа секое утро во својата омилена напивка додавала и едно лажиче од овој зачин. За еден месец забележала значајна разлика во тежината.

Успеала да ослаби шест килограми и да се ослободите од масните наслаги што со години ги имала на стомакот.

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото и така доведува до топење на масните наслаги“, објаснила Ричардс.

„Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до согорување повеќе калории. Освен тоа, циметот природно ја поттикнува термогенезата и во секој случај е подобар избор од многуте суплементи што можат да го направат истото“, објаснила таа.

Таа посочила и дека ова не е волшебна напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекции во исхраната и воведување физичка активност.

Поврзани вести