Skip to main content

Министерството за здравство потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот Визион

Министерство за здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу потпиша Меморандум за соработка со Vision Academy, со цел унапредување на капацитети и развој на иновативни решенија во здравството. На средбата беше присутен и Амбасадорот на Р. Турција, Н.Е. Фатих Улусој.

Со Меморандумот се воспоставува рамка за институционална соработка насочена кон развој на човечки ресурси, примена на современи технологии и поддршка на процесите за модернизација на здравствениот систем.

Водени од потребата за заедничко дејствување и размена на знаења, ја продлабочуваме соработката, а ова партнерство претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека преку оваа соработка ќе обезбедиме подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поквалитетни услуги за граѓаните, потенцираше министерот Алиу.

Во фокусот на соработката е дигиталната трансформација на здравството. Преку заеднички активности и проекти ќе се работи на унапредување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги, со користење на современи дигитални алатки и технологии.

Поврзани вести