Skip to main content

Над 200 експерти од Канада, Германија, САД, Мексико, Хрватска, Србија, Словенија и Шведска ќе учестуваат на Меѓународна конференција за форензичка психијатрија во Охрид

Од 16 до 18 октомври 2026 година ќе се одржи Меѓународна конференција за форензичка психијатрија во Конгресниот центар на хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Конференцијата ја организираат Македонската психијатриска асоцијација, на чие чело е проф. д-р Антони Новотни и ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, предводена од проф. д-р Славица Арсова, со поддршка на Светската психијатриска асоцијација (WPA), чија Секција за форензичка психијатрија ја предводи проф. д-р Новотни.

На конференцијата се очекува присуство од над 200 експерти, меѓу кои и меѓународни предавачи од Канада, Германија, САД, Мексико, Хрватска, Србија, Словенија и Шведска. Учество ќе земат и експерти од Институтот за судска медицина, Комората за вештаци, трауматолози и претставници од Министерство за правда.

Во програмата се застапени теми што имаат големо значење за пошироката јавност: заштита на децата и постапување во случаи на злоупотреба, семејно насилство и фемицид; процена на одговорноста и способноста на лица да учествуваат во судски постапки; менталното здравје во затворите; правата на пациентите и етичките стандарди во психијатријата. Ќе се разговара и за деменцијата и правната способност, зависностите и форензичната експертиза на сериските убијци.

Поврзани вести