Skip to main content

Кузмановска: Сѐ повеќе пациенти со потребна неопходна трансплантација на органи

На сѐ повеќе пациенти им е неопходна трансплантација на органи, но, целиот свет е соочен со недостиг на органи што би можеле да се трансплантираат и затоа е многу важно да се зголеми свеста и да има што повеќе трансплантации од починат донор со мозочна смрт, вели во интервју за МИА, проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, специјалист по анестезиологија со реанимација од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Медицинскиот факултет при УКИМ.

Ова е многу важна тема заради тоа што за тоа ретко се разговара, а сепак во медицината е многу важна. Сѐ повеќе има пациенти на кои им е потребна неопходна трансплантација на органи или за продолжување на животот или за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Меѓутоа, она со што се соочува целиот свет е недостиг на органи што би можеле да се трансплантираат и заради тоа се воведува методата кадаверична трансплантација или трансплантација од починат донор, појаснува Кузмановска.

Според Кузмановска, потребно пред сѐ е да се зголемат свеста и здравствената едукација на населението што значи трансплантација од починат донор.

Починат донор не може да биде секој човек кој починал во домашни услови, надвор од интензивна, во болнички услови. Починат донор може да биде само пациент кај кого е дијагностицирана мозочна смрт. Тоа значи дека во мозокот нема циркулација на крв, мозокот не се исхранува и практично е мртов, а се одржува во интензивна нега благодарение на респиратор и лекови, значи по вештачки пат се одржува сѐ уште срцето, белите дробови и циркулацијата, појаснува Кузмановска.

Во интервјуто, Кузмановска говори и за тоа како стоиме по бројот на трансплантации во однос на регионот и пошироко, за соработката со хрватското здравство и со какви проблеми се соочува процесот на трансплантација и како тие да се надминат.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino siteleri