Skip to main content

Јас сум кардиохирург и никогаш не им дозволувам на блиските да ги консумираат овие 4 намирници

Freepik

Исфрлањето на брзата храна, газираните пијалаци, млечните производи со голема количина на масти и алкохолот, може значително да придонесе за вашето здравје

Ако сакате да се погрижите за здравјето и исхраната – послушајте ги советите на експертите. Правилната исхрана е клучна за одржувањето на здравјето и за превенција на болести.

Кога станува збор за здравјето на срцето, најголемо внимание треба им обрнете на намирниците што може да имаат негативно влијание врз кардиоваскуларниот систем.

Во неодамнешно видео на ТикТок, кардиохирургот доктор Џереми Лондон споделил кои четири намирници тој ги одбегнува за да го зачува здравјето на срцето. Еве што советува:

Брза храна

Иако познато е дека брзата храна не е здрава, Џереми Лондон повторно нагласил колку е важно да се одбегнува оваа категорија на храна.

„Поголемиот дел од она што се нуди во синџирите за брза храна се само ‘јадливи прехранбени производи’ – тоа не е ни вистинска храна, јас тоа им го забранив на моите блиски, бидејќи сакам да имаат најдобро здравје“, објаснува тој.

Овие намирници содржат високо ниво на заситени масти, сол и преработени состојки, кои можат негативно да влијаат врз срцето и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Сокови

Следни на листата се газираните пијалаци и соковите, без разлика дали се обични или диетални. Кардиохирургот предупредува дека овие пијалаци се штетни по здравјето на срцето поради високата содржина на шеќери и вештачки засладувачи.

„Течна смрт – немојте да ги пиете“, вели Лондон.

Газираните пијалаци се поврзуваат со вишокот килограми, дијабетесот и високиот крвен притисок, а сите тие се фактори на ризик од болести на срцето.

Млечни производи
Доктор Лондон исто така препорачува да ги намалите или целосно да ги исфрлите млечните производи од исхраната.

„Ние сме единствените цицачи што пијат млеко по детството, и тоа од друг вид. Размислете за тоа“, наведува тој.

Според препораките на American Heart Association, ако консумирате млечни производи, одбирајте такви со ниска количина на масти, бидејќи полномасните производи содржат заситени масти кои можат да го покачат нивото на лош холестерол (ЛДЛ). Покачениот ЛДЛ холестерол е значаен фактор на ризик за развој на срцеви болести.

Алкохол

Конечно, Лондон ја посочува штетноста на алкохолот, без оглед на количината.

„Алкохолот е апсолутно токсичен за секоја клетка во нашето тело. Дури и умереното или повремено консумирање има штетни ефекти“, предупредува тој.

Прекумерното консумирање алкохол е поврзано со високиот крвен притисок, дебелината, проблемите со црниот дроб и зголемениот ризик од срцеви заболувања. Лондон заклучува дека ако веќе се трудиме да живееме поздраво, најмалку што можеме да направиме е да престанеме активно да го труеме своето тело.

За да го сочувате здравјето на срцето, неопходно е да размислите за вашиот избор на храна и пијалаци. Освен тоа, воведувањето урамнотежена исхрана богата со зеленчук, овошје, интегрални житарки и здрави масти е првиот чекор кон подобар живот.


Извор: Убавина и здравје