
Стручњаците предупредуваат дека не е препорачливо да се користат лекови по истекот на нивниот рок на траење, но тоа зависи од типот на лекот и условите на чување.
Лековите без рецепт, како оние за настинка или за ублажување на болки, по истекот на рокот најчесто ќе ја изгубат својата ефикасност, но секогаш не се директно штетни за организмот. Меѓутоа, лековите на рецепт може да станат токсични и штетни доколку се користат по истекот на рокот на траење.
Стручњаците посочуваат дека течните лекови, како капки за очи, назални спрејови или сирупи, не треба да се користат по истекот на рокот, бидејќи составот може да се промени и да се развијат бактерии, што е штетно за здравјето.
Исто така, многу е важно правилното чување на лековите — лековите кои биле изложени на топлина, светлина или влага може да се расипат и пред официјалниот рок на траење. Затоа, секогаш проверувајте ја датумската ознака за истекување и условите за чување, а доколку лекот изгледа оштетен, ја променил бојата или мирисот, немојте да го користите.
За деца, постари лица и лица со ослабен имунитет се препорачува особено да се избегнуваат лекови со истечен рок на траење, дури и ако изгледаат во ред.

Македонски



