
Западниот дел на американската држава Тексас се наоѓа во растечка епидемија на сипаници со 505 пријавени случаи заклучно со вчерашниот ден.
Оваа недела, Тексас го прошири бројот на окрузи каде се појави епидемијата на десет.
Една градинка во регион на Тексас има повеќе случаи, вклучително и деца кои се премали за да бидат целосно вакцинирани“, соопштија локалните здравствени власти.
Заразниот вирус почна да се шири кон крајот на јануари, а здравствените власти велат дека се проширил во Ново Мексико, Оклахома, Канзас и Мексико.
Три невакцинирани лица оваа година починаа од болести поврзани со сипаници, меѓу кои и две деца во основно училиште во Тексас.
Сипаниците се толку заразни што не би ме изненадило ако се појават во други установи“, рече директорката за јавно здравје на Лабок, Кетрин Велс.
Бројот на случаи и хоспитализации во Тексас постојано расте од почетокот на епидемијата, зголемувајќи се за 81 случај од 28 март до 4 април.