
Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани (18 и 24 години), кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Соопштение од тој Клинички центар се нагласува дека „нивната здравствена сотојба е стабилна“.
Пациентите беа примени во Воената болница во Ниш, а потоа префрлени на Универзитетскиот клинички центар во тој град.
„Жената (45), која е и најтешко повредената пациентка од пожарот во Македонија и е хоспитализирана во Универзитетскиот клинички центар Ниш, се уште е на одделението за Интензивна нега. Таа е во стабилна постоперативна состојба, веќе не е на респиратор и самостојно дише. Свесна е, но се уште не може да зборува, но е комуникативна“, соопштија од УКЦ во Ниш.